Овој проект претставува систем за управување со сообраќај на раскрсница кој ќе може автоматски да го регулира движењето на возилата и пешаците. На раскрсницата се ставени четири семафори за регулација на движење на автомобилите и четири семафори за регулација на движење на пешаците. Поврзан е и 7-сегментен дисплеј со заедничка катода кој го одбројува преостанатото време на светење на црвената и зелената диода.
Со користење ЛЕД диоди во три бои кои наизменично светат црвено-жолто-зелено-жолто-црвено и управувани програмски се вклучуваат-исклучуваат по следниот редослед: зелена 10 секунди, жолта 2 секунди, црвена 16 секунди, жолта 2 секунди...
Семафорите за пешаците работат по следниов редослед: црвена 16 секунди и зелена 10 секунди.
