Паметна канта е корпа за отпадоци што работи автоматски, препознавајќи го видот на отпад што се фрла во неа и го сортира во соодветниот оддел. Со овој проект, нашата цел е да го намалиме загадувањето и да го направиме процесот на рециклирање полесен и поефикасен. Кога корисникот фрла отпад во корпата, интегрирана камера го скенира предметот и користејќи претходно обучена база на податоци, го идентификува видот на отпад. Потоа, механизам за движење го пренесува отпадот во соодветниот оддел и го ослободува, по што се враќа во почетната положба.
Videos
Images



