Целта на проектот за вештачка интелигенција е да се развие интелигентен систем кој, преку анализа на фреквенцијата на звукот произведен од пчелите, ќе овозможи следење на нивното однесување и состојба во кошницата. Со помош на сензори и вештачка интелигенција, системот ќе препознава различни состојби како што се смиреност или агресивност на пчелите, појава на конфликт, отворање на кошницата, како и потенцијални напади од оси или други закани. Стекнавме знаење за тоа како да користиме аудио сензори (микрофони) и микроконтролери за собирање податоци од кошниците, како и како да ги поврзуваме и конфигурираме. Проектот овозможува разбирање на анализата на фреквенцијата и препознавање на различни звучни шеми кај пчелите, поврзани со нивното однесување. Научивме како да применуваме основни алгоритми на вештачка интелигенција за класификација на податоци врз основа на звук. Ќе се создаде функционален систем кој детектира промени и испраќа известувања. Преку анализа на реални податоци, научивме како да извлекуваме заклучоци и да решаваме проблеми. Стекнавме програмски вештини во Raspberry Pi. Конечниот резултат ќе биде прототип на системот BeeAI кој може да се тестира во реални услови и да обезбеди корисни информации за состојбата на пчелите.
