Целта на проектот BeeAI е да се развие интелигентен систем кој преку анализа на фреквенцијата на звукот што го создаваат пчелите ќе овозможи следење на нивното однесување и состојба во кошницата . Со помош на сензори и вештачка интелигенција , системот ќе препознава различни состојби како смиреност или агресивност на пчелите , појава на конфликт , отварање на кошницата , како и потенцијални напади од оси или други закани.
Преку континуирано следење и анализа на аудио сигналите,BeeAI ќе овозможи рано откривање на проблеми и навремено известување на пчеларот.На овој начин се подобрува заштитата на пчелните семејства, се намалуваат загубите и се зголемува ефикасноста во пчеларството.
